Физичка Добросостојба

Здравјето и Физичката добросостојба воопшто се многу важни за секој човек. Затоа за време на нашето студирање треба да се грижиме за нашето тело, да внимаваме на нашата исхрана и да бидеме физички активни.
Спортот треба да биде важен аспект од животот на студентите. Затоа ние во Секој Студент органзираме и учествуваме во најразлични спортски настани: одбојка, кошарка, маратони и полумаратони, фудбал, ultimate frizbee и сл.

odbojka
odbojka2

Физичката активност е клучна за време на нашите студии; само така ќе може да бидеме полни со енергија во текот на денот и да имаме добар имунитет кој ќе успева да се избори со сезонските заболувања како што се грипот и настинките.
Лекарите препорачуваат кардио вежби, 5 пати во неделата кои би траеле по 30 минути. Бидејќи ретко кој студент има толку време, доволно е и 20 минути, три пати неделно, но со поголем интензитет. Опциите се скоро бесконечни: трчање, возење велосипед, пливање, вежбање на елиптични справи, аеробик, кикбокс, и сл.

Спиењето никако не смее да се запостави. Сите сме различни, но лекарите се согласуваат дека 6-8ч сон се доволни. За време да паузите од учење и седење пред компјутер, добро е да одвоиме 5 минути за да раздвижиме, да го истегнеме грбот и да дишиме свеж воздух.

Во исхраната, мора да бидат застапени овошјето и зеленчукот, па затоа да настојуваме тие да бидат половина од храната на нашата чинија. Идеално, треба да јадеме храна која ќе ги задоволи потребите за јаглехидрати (со 50%), масти (со 30%) и протеини (со 20%). Доколку се внесува разновидна храна, нема потреба од дополнителен внес на витамини и минерали, но сепак, тие може да се земаат и во форма на таблети, како додатоци во исхраната, но треба да се внимава.

Водата е многу важна за нашето здравје. Доколку вежбаме или сме физички поактивни, треба да пиеме повеќе вода. Се додека урината е светло жолта, ние сме добро хидрирани. Иако нема некое златно правило, треба да настојуваме да испиеме барем 6-8 чаши вода или било каква други течности. Сепак, таа е најдобар избор бидејќи е бесплатна и без калории. И кафето спаѓа во овие течности, но не треба да се пијат повеќе од 2-4 шолји во текот на денот. Вода примаме и преку консумирање на овошје и зеленчук.

Внесот на алкохол треба да се органичи, а пушењето на цигари да се прекине бидејќи е многу штетно за огранизмот, особено за оној кој сеуште се доразвива, каков што е тој на студентите.