Духовен

Наша желба е студентите да бидат изградени во сите споменати четири области. Особено сметаме дека треба да се посвети внимание на духовниот и интелектуалниот аспект бидејќи тие се од суштинска важност за развој на личноста. Тоа што личноста го верува и како размислува, во најголема мера ќе го обликува нејзиниот карактер, а исто така ќе ги диктира и вредности и приоритетите кои ќе ги прифати. Од тоа ќе зависи и какво ќе биде нејзиното влијание во и на општеството. Ако повторно ја искористиме илустрацијата со четирите тркла на една кола тогаш би додале дека ако колата има преден погон на влечење тогаш доховното и интелектуалното би биле тие предни две тркала кои овозможуваат колата да се движи и правилно да се насочува. Другите две тркла ги следат првите.

Активности со кои ја постигнуваме духовната изградба се:

  • Развивање на алатки кои помагаат во разбирањето на основната порака на Библијата и на христијанството. Досега имаме две вакви алатки. Едната е книшката „Копнеж за 100% живот“, чија содржина ја има на сајтов. Содржината на книшката е многу концизна и јасна со логички премини од една на друга точка и корисни илустрации. За оние кои учат визуелно ја развивме алатката „Дијаграм“ која е кратка 6 минутна видео презентација и исто така може да ја погледнете на сајтов.
  • Истражувања на Библијата во помали групи за дискусија. Целта е да се разбере нејзината основна порака и да се согледаат принципите на кои се темели здрава личност и водач, како и тоа што значи да се живее исполнет живот. Поентата е дека секој водач мора да има смисла и надеж во животот! Кој би сакал да следи слеп водач кој не гледа смисла и надеж во животот? Кој сака да следи водач кој нема внатрешен мир и исполнување и кој постојано е незадоволен?
  • Разни други креативни настани
  • Менторства кои можат да бидат еден на еден или менторски групи.
  • Веб страна www.sekojstudent.com на која може да добиете одговор на многу релевантни прашања на оваа тема.